Динамо поради „законот за странци“ ќе бега во унгарската лига!?

Динамо Букурешт е најпогоден поради новиот закон за странски ракометари на романската ракометна федерација и би можел во иднина во знак на протест да игра во друг шампионат.

Романската федерација го лимитира бројот на странци кои не се од ЕУ-зоната на само тројца, а моментално Динамо располага со девет такви ракометари. Од клубот се огрочени од одлуката и најавија дека може во иднина да менуваат.

„Ако одлуката не се промени, во иднина може да не играме во Романија, туку во некој друг од околните земји како што е Унгарија. Зошто Унгарија? Таму имаме добро лоби. Веќе ја контактиравме унгарската федерација“, изјави директорот на Динамо, Овидиу Семен.

Динамо Букурешт е најуспешниот клуб во моментов од Романија и игра во осминафиналето од Лигата на шампионите.