Динамо Букурешт убедливо стигна до нова титула во Романија

Днамо Букурешт суверено ја потврди доминацијата во татковината и стигна до нова титула шампион на Романија. На две кола пред крајот, тимот што играше во групата на Лигата на шампионите со нашиот првак Еурофарм Пелистер има 12 бода предност во однос на второпласираната Турда, која ја победи пред своите навивачи со 42-30. 

Тимот од романската престолнина ја заврши сезоната во Лигата на шампионите во осминафиналето со пораз од германскиот гигант Магдебург. Минатата сезона, Динамо стигна до завршниот турнир на Европската лига.

Со оглед на тоа што Романија има висок рејтинг во евро-куповите, Динамо Букурешт има сигурно место во следната Лига на шампиони за сезоната 2025/26.