Динамо Букурешт има неверојатна низа во ЛШ, два меча го делат од рекордот на Вардар

Динамо Букурешт

Најголемото изненадување на почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите го приреди Динамо Букурешт.

Романскиот првак успеа да го искористи домашниот терен за да го надигра големиот Киелце на Талант Душебаев. Гостите одиграа прво полувреме за заборав, а на крај не сочуваа сили за пресврт.

Тимот на Чави Пасквал продолжи да реди фантастични резултати во елитното клупско натпреварување. Моментално е во низа од 13 меча без пораз, што го сместува меѓу екипите со најдолги серии без неуспех меѓу големата конкуренција.

На врвот е Барселона со 22 меча во низа, пред Суидад Реал со 20, Киелце има 18, Кил стои на 17, а Вардар е на петтото место со 15 последователни средби без пораз.