Динамо Букурешт и Флензбург добија „визи“ за Ф4 во Европската лига

Екипите на Флензбург и Динамо Букурешт обезбедија учество на завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ, откако успеаја да ги минат своите ривали по возвратните четвртфинални натпревари.

Германскиот гигант запиша минимален пораз од Савехоф (28-29), но доволна беше големата залиха од првиот натпревар (единаесет голови предност) и заслужено се најде меѓу четирите најдобри, додека Динамо Букурешт вторпат го надигра норвешкиот Скјерн и извојува гостинска победа со конечни 34-38. 

Најефикасен во романскиот состав беше Анте Кудуз со осум постигнати голови, додека на мечот меѓу Флензбург и Савехоф најдобри поединци беа Гола, Хансен и Питлик со по пет погодоци. 

Завршниот Ф4-турнир во Европската лига ќе се игра во Барклејс Арена во Хамбург, на 25 и 26 мај.