Динамо Букурешт го „среди“ Спортинг среде Португалија и е на чекор од осминафинале во ЛШ

Динамо Букурешт извојува голема гостинска победа во Португалија и е на чекор до пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од разигрувањето славеше минимално над тимот на Спортинг (25-26).

По мирниот старт и наизменичното водство на двете страни, во финишот од првиот дел португалскиот вицешампион влезе во криза, која Динамо ја искористи и со позитивна серија од 9-9 стигна до водство од четири гола разлика, кое на крај се испостави како одлучувачко за вечерашната победа (9-13). 

На почетокот на вториот дел Спортинг успеа да ги консолидира своите редови и не дозволи нови позитивни минути на гостите. Како се ближеше крајот на натпреварот така се топеше романското водството, во 50. минута на семафорот стоеше 20-21, но Динамо со два брзи напади повторно се искачи на плус три. 

Играта на живци продолжи и во финалните пет минути, во кои Спортинг израмни на 24-24, но немаше сили за целосен пресврт и загуби со минимални еден гол негатива (25-26).

Асолтанеи и Кудиз со по шест гола беа најпрецизни во таборот на Динамо Букурешт, додека во домашниот состав Жиноа даде осум, а четири од четири имаше Бинго. Реваншот во Романија е закажан за први март.