• Зоран Мишевски
Динамо Букурешт е победник на машкиот Суперкуп на Романија, откако во интересен натпревар славеше против победникот на Купот од минатата сезона, ЦСМ Букурешт на Звонко Шундовски и Гоце Георгиевски со 29-25 (15-9).
Првакот водеше во поголемиот дел од натпревар и на одмор замина со чувствителни 15-9. Брзо на почетокот од вториот дел предноста порасна со 21-12, но момците на Шундовски не се предаваа и брзо направија серија 7-1 и стигнаа до 22-19. Сепак шампионот имаше доволно концентрација и го приведе мечит кон крај до финални 29-25.
Гоце Георгиевски постигна 4 погодоци, а кај Динамо од Букурешт прво име беше Вранковиќ со 8 гола.