• Зоран Мишевски
Реновирањето на ростерот на Динамо Букурешт продолжува. По завршувањето на соработката со Калифа Гедбан (потпиша со Еурофарм Пелистер), уште еден искусен ракометар заминува од романскиот шампион. Се работи за ветеранот Едуардо Гурбиндо, кому договорот му е раскинат една година пред истекот.
Гурбиндо пред неколку години пристигна во Вардар 1961 од француски Нант, но одигра само неколку натпревари. Потоа замина во Романија и двапати освојуваше национална титула со Динамо Букурешт. Пред настапите во Франција, десниот бек ја делеше соблекувалната со Кирил Лазаров во Барселона. И со клубот и со репрезентацијата на Шпанија има европски титули.
35-годишниот Шпанец е прекуброен и Пасквал им даде предност на Хумет, Кашпарек и Цениќ на позицијата десен бек.