Димитровски и Корлевски едногласни: Кризата и долгот се минато, Пелистер ќе застане на здрави нозе

Пелистер изјави

Новата сезона донесе големи промени во екипата на Пелистер, која се раздели со двоцифрен број на ракометари и изгради нов лик на ростерот.

Спортскиот директор Златко Димитровски на денешната прес-конференција како најава за новата сезона, потврди дека ситуацијата во клубот е стабилна.

„Почнуваме да градиме нов имиџ и го отфрливме лошиот збор кој се слушаше за нас. Се стабилизиравме, Општината ни даде финансиски план и буџет со кој ќе се бориме за место во Европа. Заедно со стручниот штаб изградивме добар тим. Доведовме девет нови ракометари и максимално го искористивме буџетот. Заминаа десетина ракометари и екипата ќе има нов лик сезонава. Оптимист сум дека ќе ги исполниме зацртаните цели. Драго ми е што организиравме силен турнир, а уште сега ветувам посилна конкуренција и дури осум екипи догодина. Нивното ниво ќе биде уште повисоко и ќе имаме најчесто учесници во Лигата на шампионите како гости во Битола“,  рече Димитровски.

Позитивен збор имаше и техничкиот директор Борче Корлевски, кој е задоволен од поддршката на градот и фирмите за покривање на долгот.

„Во овој момент може да потврдиме дека Пелистер повеќе никому не должи и покриен е долгот од 200.000 евра. Клубот не им должи на ниту еден од ракометарите, а тековната ситуација е исто така позитивна. Го сменивме спонзорот на спортска опрема и Пелистер во новата сезона ќе биде облечен во „Кемпа“. Ги реновиравме помошните простории во спортската сала и организиравме меѓународен турнир. Напоредно со ова, целосно фрливме акцент кон младинските категории и екипирање на најдоброто од нашиот град. РК Пелистер е веќе градски клуб, имаме донации на преку 50 градски фирми и тоа треба само да радува. Благодарност до сите нив и ќе се обидеме да возвратиме со позитивни резултати. Веќе ги продаваме сезонските билети за Суперлигата и ги повикуваме нашите навивачи да ни дадат поддршка“, изјави Корлевски.

Првиот меч Пелистер ќе го одигра утре и во истиот ќе се соочи со градскиот ривал Еурофарм Работник.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0