Димитриоски претставен во Ваљадолид: „Го направив вистинскиот потег“

Повремениот македонски репрезентативец, Димитар Димитриоски се договори за трансфер во еден од најпознатите шпански клубови, екипата на Ваљадолид.

Димитриоски, кој настапуваше на средната бековска позиција во Еурофарм Пелистер 2, а претходно ги носеше дресовите на Вардар и Металург, сега ќе му се приклучи на поранешниот тренер Давид Писонеро, кој ја предводи екипата на Ваљадолид.

„Го познавам Писонеро, ме тренираше во Вардар и имам само добри зборови за него. Мојот потпис за Ваљадолид го сметам за вистински потег за јас“, вели Македонецот.

Своето задоволство од трансферот на Димитриоски го искажа и тренерот Писонеро.

„Со него се запознав во Македонија и, иако не се работи за ракометна ѕвезда, сигурен сум дека тој е одличен играч и добро ќе се вклопи во нашиот тим. Може да игра на две позиции на теренот, брз е и има незгоден удар. Ќе ни донесе функционалност и разноврсност во нашиот напад“, рече шпанскиот стратег.

Димитриоски многу веројатно ќе биде единствениот Македонец во АСОБАЛ лигата, затоа што Дарио Петровски се раздели со Гвадалахара.