Димитриоски: Македонскиот дрес е светост за секој спортист

Димитар Димитриоски е еден од дебитантните во македонската ракометна селекција и ќе конкурира за настап на Светското првенство (СП) во Германија и Данска. Крилото на Металург потенцира дека се чувствува гордо што е дел од најдобриот тим и најавува дека ако добие шанса, ќе даде се од себе.

„Чувството не може да се опише, затоа што, сепак, да играш за националниот дрес е светост за секој спортист. Мора да се даде се од себе, за да се покаже дека стручниот штаб не погрешил со одлуката да те повика. Не очекува настап на Светско првенство, а јас како и сите млади ракометари, сонувам да бидам дел од него. За нас е голем овој Мундијал, секој ќе се бори за место во тимот“, изјави Димитриоски.

Младиот ракометар потоа ја прокоментира групата, за која вели дека е незгодна, но најавува голема борба на секој меч за победа.

„Знаеме дека сите играат веќе ракомет, дека нема веќе слаб противник и дека секој се бори за победа. Ние ќе се бориме на сите мечеви, ќе играме 60 минути и ќе дадеме се од себе да го добиеме секого. Никој не оди на Светско првенство да губи натпревари, а стартот ни е многу важен“, заврши ракометарот на Металург.

Македонија на Светското првенство ќе игра во група со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија, а првиот предизвик е на 11 јануари, кога се среќаваме со Јапонците.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0