Димитриоски: Иако ќе играме со неискусен тим, нема да ни недостига мотивација

Екипата на Вардар го обезбеди првото место во групата А од СЕХА лигата, па без притисок ќе гостува кај Нексе Нашице во последното коло.

На овој натпревар очекувано одмор ќе добијат поголемиот дел од ѕвездите во вардаровиот тим, а можност за докажување ќе имаат помладите ракометари.

„Патуваме во Нашице со комбиниран состав со само неколку играчи кои во минатото играле во СЕХА лигата. Сепак, ќе дадеме максимум за да дадеме добар учинок и ве уверувам дека на овој тим не му недостасува мотивација. Сите знаеме дека немаме што да загубиме. Нексе е фаворит, но веруваме дека можеме да ги изненадиме“, изјави младиот македонски репрезентативец, Димитар Димитриоски.

Стојан Петрушевски, кој ќе ја води екипата место Едуард Кокшаров, смета дека оваа шанса младите момци треба да ја искористат.

„СЕХА лигата е одлична можност за нашите помлади играчи да докажат за што се способни. Сега, кога го обезбедивме првото место во нашата група, дојде време тие да ја искористат можноста и да ја докажат нивната вредност. Некои од нив веќе имаат искуство во СЕХА лигата и во Лигата на шампиони, но Нексе ќе биде тежок противник. И покрај недостаток на искуство, во ние ќе дадеме максимум за да го покажеме нашиот потенцијал“.

Натпреварот од последното коло од групната фаза се игра денес во 17:00 часот.