Димитриевски се враќа во Шпанија, ќе игра во тимот на Давид Писонеро

Дарко Димитриевски се враќа во Шпанија и одново ќе настапува во АСОБал лигата, откако парафира соработка со Атлетико Ваљадолид. 29-годишниот лев бек замина од Емсдетен по една сезона и се сели во таборот на Роберто Писонеро, поранешниот тренер на Вардар. Во овој тим минатиот месец потпиша и Димитар Димитриоски, кој дојде од Еурофарм Пелистер 2.

Со Ваљадолид, македонскиот интернационалец потпиша на една година, а клубот во него гледа и помош во дефанзивата освен во нападот. Ова ќе биде трет клуб за Димитриевски во Шпанија, бидејќи веќе играше за Пуерто Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер

Освен за шпанските тимови, Димитриевски настапуваше во Македонија за Борец, Вардар, Куманово и Металург, додека во странство играше за Катар, унгарски Чургои и израелски Хапоел Ашдод. Последната сезона ја мина во втората Бундеслига настапувајќи за Емсдетен.

Сега доаѓа во Ваљадолид, клуб кој успеа да опстане во Асобал лигата и одново ќе се натпреварува во елитниот ранг на ракометот во Шпанија.