Димитар Димитриоски со седум гола на дебито за Ваљадолид

Шпанскиот АСОБАЛ лигаш Ваљадолид победи на првиот натпревар од подготовките за новата сезона против Фригорификос дел Моразо (22-24).

Фаворитот доминираше на теренот, но не можеше да се одлепи и да направи голема разлика. Сепак, на крај ја искористи ефикасноста на Димитар Димитриоски и Д'Антино кои комибинираа за вкупно тринаесет погодоци на оваа средба. Седум од нив ги постигна нашиот интернационалец, а вториот македонски ракометар Дарко Димитриевски го заврши натпреварот со една реализација.

Ваљадолид е предводен од поранешниот тренер на Вардар 1961, Писонеро, а Димитриоски и Димитриевски се се единствени Македонци по АСОБАЛ лигата по заминувањето на Петровски од Гвадалахара.

Најсилното првенство на Шпанија почнува на трети септември, а титулата ја брани Барселона