Димитар Димитриоски по три години заминува од Ваљадолид

Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што по три години заминува од таборот на шпански Ваљадолид.

27-годишникот беше важен дел и стандарден ракометар на тимот од АСОБАЛ-лигата. Таму пристигна во 2022 година, но двете страни не го продолжија договорот и така Димитриоски ќе има нов предизвик.

Некогашниот репрезентативец на Македонија кој настапува на средната бековска позиција, ама и како крило, низ кариерата играше за Еурофарм Пелистер 2, Вардар 1961 и Металург, а Ваљадолид му беше прва странска авантура.