Димевски во елемент, Струга немаше никакви шанси во Куманово

Екипата на Куманово оствари важен триумф и славеше над Струга со конечни 30-21 во натпреварот од седмото коло во суперлигашкиот плеј-аут. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Куманово и Струга:

Домашниот тим уште во првото полувреме покажа дека е порасположен за игра, ги користеше грешките на стружани и до паузата создаде предност од четири гола, 16-12. Во вторите триесет минути видовме слична слика на теренот, Куманово не дозволуваше никакво враќање на ривалот и уште повеќе ја зголемуваше предноста која во неколку наврати беше изразена со седум и осум голови. 

На средината од вториот дел веќе беше јасно дека Куманово ќе впише нова победа, па на крајот славеше со конечни и заслужени . Најдобар поединец кај домаќините беше Давид Димевски со осум гола, еден помалку додаде Филипе Џанкарло Хен, а на спротивната страна шест погодоци впиша Александар Стојков. 

Во следното коло Куманово ќе се соочи со Прилеп на гостински терен, додека Струга пред своите гледачи ќе го пречека тимот на Радовиш.