Дика Мем во преговори со Барса за нов договор, но слуша и други понуди!

Француската ракометна ѕвезда, Дика Мем, потврди дека се отпочнати разговорите со Барселона за продолжување на договорот со каталонскиот гигант. 

Репрезентативецот на „триколорите“ изјави дека има понуди и од други големи клубови, но во моментов е фокусиран на настапите за Барса, каде може да се задржи и во следните сезони. 

„Разговараме со управата, но ги разгледуваме и другите опции. Ништо не е ново, отсекогаш било така откако пристигнав тука. Засега сметам дека сите односи со клубот се позитивни. Ќе дојде време, па ќе разговараме за мојата иднина“, изјави Мем. 

Дика Мем е вистинска легенда на Барселона, за која настапува од веќе далечната 2016 година.