Дибирова: Горда сум на девојките, знам дека Вардар може да биде уште подобар!

Ирина Дибирова, стратегот на Вардар, по победата над Турингер и перфектниот крај на првата фаза на Лигата на шампионите со шест победи на шест меча, истакна дека е горда на својот тим на прикажаното, но потенцира дека „црвено-црните“ секогаш можат да играат подобро.

„Пред Турингер ние многу се подготвувавме за тактиката „6 на 7“. Во првото полувреме намерно менувавме играчи за да можеме да го одржиме темпото во второто полувреме. Горда сум на екипата и моите девојки. Ги освоивме сите максимални бодови во групата. Првото полувреме беше во егал, вториот дел ја пуштивме првата постава на старт, направивме 10 разлика. Што се однесува од играта, секогаш може подобро“, изјави Дибирова по средбата.

Втората фаза во Лигата на шампионите, во која Вардар повторно влегува како фаворит за пласман на Ф4 стартува на 26 јануари.