ВИДЕО: Дибиров трагичар, во последните секунди промаши зицер за реми против Унгарија

Ракометната селекција на Унгарија со победа го стартуваше Европското првенство, откако во рамки од првиот натпревар од групата Е со минимални 26-25 славеше над репрезентацијата на Русија. 

Најголеми заслуги за херојската победа на Унгарците одат зад името на чуварот на мрежата Роланд Миклер, кој вечерва бранеше фантастично, а во самиот финиш запиша и клучна интервенција. 

Во последните секунди од натпреварот Русија имаше напад за реми и по неколку додавања Дибиров доби шанса да шутира од крило, но не успеа да го надмудри Миклер.

  • Промашениот зицер на Дибиров против Унгарија: 

Најдобар поединец на средбата беше Балог со седум погодоци, а меѓу стативите Миклер собра осум интервенции, од кои неколку во клучни моменти во финишот. Веќе во следното коло, за два дена, Унгарија игра против Данска, додека Русија ќе игра со Исланд.