Дибиров: Срушивме сè во последните пет минути

Тимур Дибиров, крилото на Вардар, на прес-конференцијата по натпреварот со Мешков Брест (24-22) истакна дека жали за неуспехот, во мечот во кој македонскиот тим не беше инфериорен и дефинитивно заслужи повеќе.

„Жалиме за поразите. Дефинитивно имаме простор за напредок. Загубивме во последните пет минути. Имавме контрола цели 52 минути, беше и изедначено, па срушивме се во последните пет минути. Мора да се фокусираме на понатамошните предизвици и да работиме. Само така може да ги подобриме резултатите“, изјави рускиот репрезентативец.

Вардар следниот меч во Лигата на шампионите го игра на домашен терен, а ќе се соочи со Елверум.