• Сашо Поповски
Руското крило Тимур Дибиров одново беше прво име во редовите на ППД Загреб, кој минимално загуби на домашен терен во дуелот со Динамо Букурешт.
Поранешниот член на Вардар 1961 покажа дека и натаму е меѓу најдобрите стрелци во Лигата на шампионите. На почетокот на вториот дел, искусниот ракометар доби топка и од тежок агол постигна неверојатен погодок, кој ќе стане дел од компилацијата невозможни голови кои ги има постигнато во својата исклучителна кариера.
„Плинарите“ од Загреб го запишаа четвртиот пораз во тековната сезона од елитното натпреварување.