Дибиров се согласи на нов едногодишен договор со Вардар 1961

Ако еден од сенаторите во Вардар си заминува (Иван Чупиќ), претседателот Михајло Михајловски ќе направи што е во негова моќ да не дозволи останатите двајца, Стоилов и Дибиров да останат во клубот што е можно подолго. Првиот чекор е направен и постигната е согласност за нов едногодишен договот со Тимур Дибиров.

Русинот ги договори условите за продолжување на соработката и наскоро ќе биде официјализиран неговиот нов едногодишен договор. Дибиров oд 2013 година е во Вардар, а претходно настапуваше само уште за Чеховски Медведи. Во меѓувреме одби многу понуди да ја смени средината и да заигра во посилни шампионати од македонскиот, но секогаш преовладуваше љубовта кон Вардар и Македонија. 

Вардар пред неколку дена го продолжи договорот со Талески, а ги потврди и доаѓањата на Дарко Ѓукиќ, Мартин Тимовски, Анте Кудуз, Јан Чувара и Едуардо Гурбиндо.

Од клубот си заминуваат Кизиќ (потпиша за Еурофарм Пелистер), Чупиќ (потпиша за ППД Загреб), Дисингер, Јотиќ, Кантагрел...