Дибиров се израмни со Остроушко на третото место на листата на стрелците во ЛШ

На само едно коло до крајот на групната фаза на Лигата на шампионите, Тимур Дибиров го задржа третото место на листата на стрелците. Русинот може да се надева да го нападне врвот, само ако вардарци стигнат најмалку до четвртфиналето, а потоа и до завршниот турнир во Келн.

Во поразот од екипата на Порто, Дибиров вгради три гола и се израмни со бројот на постигнати голови со Владислав Остроушко кој со екипата на Еурофарм Пелистер ги заврши настапите во Лигата на шампионите. Двајцата сега имаат по 65 погодоци и само двајца ракометари имаат подобар голгетерски скор од нив.

На второто место по ова коло е играчот на Монпелје, Хуго Дескат кој стигна до 67 гола, додека лидерското место го задржа Барис Пухоуски од Мотор Запорожје кој на 13 натпревари постигна 72 голови.