Дибиров: Подготвени сме за ЛШ, иако не сме меѓу фаворитите

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги дозна противници во групната фаза од Лигата на шампионите, a веднаш потоа беше објавен и комплетниот распоред на натпревари.

Битолскиот состав ќе игра во групата А против Кил, Келце, ПИК Сегед, ПСЖ, Алборг и Загреб. Двојниот европски првак со Вардар, Русинот Тимур Дибиров е среќен што и оваа сезона ќе игра во елитната категорија. 

„Најважно е да играме во Лигата на шампионите и да имаме шанси и аспирации за втората фаза. Ждрепката е тешка, сите се добро познати екипи, новост е само Колштад.

Верувам дека добро ќе се подготвиме, засилени ќе влеземе во сезоната, која е долга и ни отвора многу можности, кои ги видовме минатата година.Треба да бидеме подготвени за предизвиците, дури и ако не сме фаворити“, рече Тимур Дибиров, кој беше присутен на ждрепката во Виена.

Хрватскиот тим е првиот противник на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. „Плинарите“ ќе гостуваат во Битола на 13/14 септември.