• Мартин Танасковски

Миленикот на вардаровата публика, Тимур Дибиров, не размислува на пензија иако влегува во петтата деценија од животот, затоа што потпиша нов договор со хрватскиот ракометен првак ППД Загреб.
Дибиров, кој оваа година ќе полни 40 години, ја заврши долгата авантура во Вардар и замина во Хрватска пред стартот на оваа сезона, а двете страни се договорија за нова соработка. Дибиров и Загреб парафираа договор до 2025 година.
Тоа значи дека Дибиров ќе игра за „плинарите“ најмалку до 42 години. Заедно со Русинот, нов договор со ППД Загреб потпиша и десното крило Паоло Краљевиќ, исто така на две години.