Дибиров: Не летаме во облаци дека знаеме и можеме сè

Вардар ја одбрани титулата во СЕХА лигата откако го победи ППД Загреб со 26-24 во финалето од завршниот турнир во Скопје. Ова е четврта титула во регионалното натпреварување за „црвено-црниот“ тим.

„Во финале не можеш да очекуваше да ја згазиш секоја екипа.Секоја екипа дава повеќе од 100% од себе, беше тешко против Загреб, тие имаат добар тим и знаевме дека ќе биде тешко. На крајот се одвоивме на четири пет разлика и потоа беше лесно. Среќни сме за оствареното“, вели Дибиров.

Вардар сега го очекува четвртфиналето против Кил во Лигата на шампионите, а првиот меч се игра следниот викенд.

„За Кил мора да поправиме некои работи што ги грешевме сега. Не летаме во облаци сега дека знаеме се, да продолжиме по истата патека и се ќе биде во ред“, заврши Дибиров.

По Загреб, Нови Сад и Брест, Вардар ја додаде четвртата титула во клупската историја и стана рекордер во СЕХА лигата.