ВИДЕО: Дибиров и Граџан во изборот за најубави спин голови во СЕХА

Во очекување на враќањето на ракометот и натпреварувањата, СЕХА лигата ги избра најатриктните спин голови во историјата на натпреварувањето. На врвот на листата е вардарецот Тимур Дибиров.

Меѓу најдобрите се најдоа и головите на кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан и голови на Ведран Зрниќ од Нексе Нашице, Ведран Делиќ од Извиѓач и Ју Ванг од Пекинг Спорт Универзитет.

  • Најдобрите пет спин голови во историјата на СЕХА лигата: 

Неофицијално, доигрувањето на прекинатата сезона на СЕХА лигата е предвидено за крајот на август.