Дибиров го мина Карабатиќ, Лазаров недостижен на врвот на „вечната листа“

Легендарниот Тимур Дибиров влезе во историјата на Лигата на шампионите откако успеа да го мине на вечната листа славниот Никола Карабатиќ и стана втор најдобар стрелец во историјата на елитното натпреварување. 

Левото крило на Загреб на натпреварот со Барселона стигна до бројката од точно 1.200 голови, со што избива на второто место пред Карабатиќ, кој има два погодока помалку.

Неприкосновен лидер во оваа конкуренција е нашиот Кирил Лазаров со 1.482 гола, а ова друштво е збогатено и со Данецот Микел Хансен, кој на своето конто има 1.125 гола.