ФОТО: „Дибиров, е*и се“ – фановите на Киелце со тешка навреда за вардаровиот ас!

Навивачите на Киелце му направија лоша услуга на својот тим. Тие со навредлив транспарент на сметка на Тимур Дибиров ја навлекоа Европската ракометна централа да размислува за постапка и дисциплински мерки.

Веќе подолго време ривалството е големо меѓу полскиот и македонскиот тим, но не само на теренот, туку и на трибините. Вечерва, фановите на Киелце се решија да испратат навредлива порака до Тимур Дибиров и во салата се разви транспарент на кој пишуваше „Тимур, е*и се“

Оваа навреда кон руското крило на Вардар доаѓа како одговор на инцидентот од ланската сезона кога Дибиров им покажа среден прст на полските навивачи.

Минатата сезона вардаровите навивачи со транспарент на кој пишуваше „Талант – петух“ (што на руски значи „Талант – пе*ер“) го „поздравија“ тренерот на Киелце. Тогаш ЕХФ го казни Вардар со високи 15.000 евра заради инцидентот. Како сега ќе реагира ЕХФ за средниот прст покажан кон Дибиров, останува да видиме.

Европскиот ракометен шампион, Вардар, денес запиша нов тежок пораз во Лигата на шампионите, откако на гости кај Киелце загуби со убедливи 35-25.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4