ВИДЕО: Дибиров доби нокаут и заврши во болница на шиење

Дибиров

ППД Загреб не можеше да го следи темпото на Магдебург и запиша убедлив пораз во второто коло од Лигата на шампионите.

Хрватскиот гигант беше без неколку играчи, но тешко е да се верува дека нешто ќе беше поразлично и со нив во ростерот. На почетокот од второто полувреме незгоден удар доби Тимур Дибиров. Поранешниот вардарец заврши во болница на шиење, по судирот со корпулентниот Лукас Мајстер.

За „плинарите“ на Ивица Обрван ова беше втор пораз, по оној почетниот од ГОГ на домашен терен.