Дибиров: Дадовме сè што можевме, но не беше доволно

Можеви стручниот штаб на Вардар ќе биде задоволен што ќе ги има руските репрезентативци порано од предвиденото на тренинг во Скопје, но големата ракометна сила Русија уште едно натпреварување не ја мина првата групна фаза. Така беше и на Светското првенство во Германија и Данска, каде што Русите разигруваа против Македонија во Келн за пласман

Ракометарот на Вардар Тимур Дибиров видно беше разочаран по поразот од Исланд синоќа.

„Почнавме многу лошо. Се обидовме да се вратиме во игра, презедовме многу ризик во играта, ги сменивме ракометарите во одбрана и во напад, но разликата беше многу голема. Сè што можевме, дадовме, но тоа не беше доволно“, изјавил Дибиров.

На руските ракометари им следи уште дуелот против Данска, а со пораз дополнително ќе си ги намалат шансите и за Олимписки квалификации, а ќе добијат и силен противник во баражот за Светското првенство во Египет