Диало: Сезоната е долга, мора да се кренеме од овој пораз

Во име на играчите на Вардар 1961 по поразот од Монпелје (25-31) говореше Бакари Диало. По средбата во Скопје која заврши во полза на францускиот тим, Диало ја пофали публиката и се заблагодари за поддршката, но истакна дека жали за резултатот.

„Не почнавме добро. Монпелје беше подобриот тим. Сега, ние ќе мора да се поправиме. Монпелје претходно го победи Кил, тоа е доказ колку се добра екипа. Сезоната за нас е долга, мора да продолжиме да се бориме. Благодарност за навивачите за атмосферата, а ние ќе мора да играме подобро“, изјави Бакари Диало.

Вардар по четири кола има две победи, едно реми и еден пораз. Сега само ПИК Сегед е единствениот непоразен тим во Лигата на шампионите. Следен предизвик за македонскиот шампион е гостување кај Алборг.