„Дежа ву“ во Германија: Кил немилосрдно го сомле Вардар во ЛШ!

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар со пораз кај Кил (34-23) ја отвори 2020 година во Лигата на шампионите и останува на шестата позиција на табелата во најквалитетното европско ракометно натпреварување.

Вардар многу грешеше и промашуваше зицери во клучните моменти, а Кил тоа знаеше добро да го казни. „Зебрите“ не дозволија изненадување, имаа расположен голман наспроти Вардар, па со добра партија во последните минути, слична на онаа во Скопје, запишаа триумф со кој остануваат на лидерската позиција.

Кил водеше од почетокот до крајот на средбата, а Вардар беше ривалот што бркаше. Се беше во егал само до 3-3 на стартот, а потоа бундеслигашот влезе во ритам. Прво се поведе со 7-3, па 9-5, а судиите му доделија дури четири исклучувања на Вардар во стартните 15 минути. Највисоко што Кил водеше во првиот дел беше пет гола (10-5), а до паузата, благодарение на одбрани на Гедбан, македонскиот тим намали на четири гола (18-14).

Во второто полувреме Вардар имаше неколку добри шанси да се врати на два гола негатива, арно ама нападот затаи. Дибиров промаши два зицера, по што беше повлечен од игра, а Вардар шест минути беше без гол, тоа го поправи Димитриоски, со гол за 22-19. Тоа беше најблиску што Вардар беше во мечот, затоа што последните 15 минути не течеа според посакуваното. Се правеа технички грешки и се подаруваа топки, па Кил дојде на тогаш највисоки 27-19. Последните десет минути беа само формалност за домашните ракометари, а разликата стана двоцифрена.

Најдобар кај победникот беше Екберг со осум гола, додека Ландин Јакобсен додаде шест, а голманот Ландин собра 15 интервенции. Кај Вардар најдобар беше Кристопанс со шест гола, а Стоилов имаше пет.

Кил со победата над Вардар се зацврсти на првото место со 18 бода, додека Вардар го доживеа четвртиот пораз во низа и е шести. Во следното коло македонскиот тим ќе биде домаќин на Мотор Запорожје и нема право на кикс (15 февруари).

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4