„Детето“ на Металург потпиша со најголемиот словенечки клуб

Младиот српски ракометар кој важи за еден од најголемите таленти во светот, Стефан Додиќ, кариерата ќе ја продолжи во Словенија каде ќе го носи дресот на тимот на Целје, потврдија од екипата.

„Детето“ на Металург кое професионално кариерата ја започна во Македонија и на стартот секој ден патуваше од Врање до Скопје само за да тренира, потпиша договор со целјани до 2025 година. Доаѓа од тимот на ППД Загреб, каде ја мина претходната полусезона.

Инаку, Додиќ е под договор со тимот на Киелце, ама во Словенија ќе игра како позајмен во следните две сезони. Покрај што играше за Металург во Македонија каде се афирмира како професионален ракометар, тој беше дел и од Вардар и ГРК Охрид.