Деспина го доби полемичниот дуел со Феникс АМС, Овче Поле го изненади Ѓорче

Прилепска Деспина на домашен терен го совлада битолски Феникс АМС со 34-29 (14-15), во дуелот од петтото коло на А групата на Женската лига. Натпреварот беше возбудлив, тензичен и исполнет со многу спорни моменти и протести. Гостинките брзо отворија со 0-4, водеа по првото полувреме со 14-15, но во продолжението се случи пресврт.

  • Комплетниот натпревар меѓу Деспина и Феникс: 

Битолчанки заради исклучувања и црвен картон останаа без клучните ракометарки и Деспина го сврте резултатот. На моменти прилепчанки водеа и со шест гола разлика, а конечниот резултат гласеше 34:29. Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Феникс АМС, репрезентативката Емилијана Ризоска со единаесет гола, а кај Деспина се истакнаа Сара Богојеска со десет погодоци.

Ракометарките на Феникс АМС протестираа за делењето на правдата, а за прилепскиот тим ова беше последниот натпревар пред патувањето за Шведска, каде ќе ги одигра двата натпревари против Скара во рамките на Европскиот Куп.

  • Комплетниот натпревар меѓу Овче Поле СУ и Ѓорче Петров: 

Овче Поле СУ приреди сензациј и на домашен терен го совлада големиот фаворит Ѓорче Петров со 23-21. Елена Вучевска постигна дури четиринаесет гола, а кај поразениот тим Ана Марија Коларовска беше стрелец на седум гола.