Дескат го наполни Мешков Брест, Монпелје се врати на третото место

Ракометарите на Монпелје ја вратија третата позиција во групата Б на Лигата на шампионите, откако попладнево на домашен терен го совладаа првакот на Белорусија, Мешков Брест со 30-26 (13-10). Европскиот првак од пред две сезони делуваше разиграно и на почетокот од второто полувреме се одлепи за финална победа.

Најефикасни поединци во тимот на Монпелје беа Хуго Дескат со единаесет и Мелвин Ричардсон со шест погодоци. Јуринок со пет и Паниќ со четири гола се истакнаа кај шампионот на Белорусија. Во следното 13. коло од групата Монпелје в недела од 17:00 часот му гостува на Веспрем на Дејан Манасков. 

Во рамките на групата А, Елверум на домашен терен загуби од Флензбург со 28-34. Штајнхаузер со седум гола се истакна кај германскиот шампион, а Кристоферсон постигна девет гола кај поразениот првак на Норвешка.