Десет одбрани на Томовски, првенец на Потсдам во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со извонредните партии во Бундеслигата и на својот тим му ја донесе првата победа во Бундеслигата сезонава.

По спектакуларниот натпревар против Магдебург на кој запиша дури 18 одбрани, Томовски беше еден од најзаслужените за победата на Потсдам пред своите навивачи против Штутгарт од 28-25 во новото коло од германскиот шампионат.

Македонскиот голман сега имаше десет одбрани, од кои две од седум метри. За Потсдам ова беше прва победа во Бундеслигата по 20 одиграни натпревари. Тимот го чека битка за опстанок до крајот на сезоната.