Десет гола на Стојков, осум на Серафимов – Алкалоид убедлив и против Аеродром

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со убедливите партии во новата сезона во Првата ракометна лига на Македонија. Нова жртва на новајлијата во второто по ранг ракометно натпреварување во нашата држава беше тимот на Аеродром, кој на свој терен беше совладан со високи 21-43.

  • Комплетниот натпревар неѓу Аеродром и Алкалоид:

Момците на Љубомир Савевски одново одиграа квалитетно и ефикасно, а голема заслуга за тоа има и одличната организација во одбраната и малиот број на примени голови. Уште од самиот почеток, јасно беше каде ќе завршат бодовите, затоа што Алкалоид отвори моќно и веднаш резултатски се одлепи.

На полувреме се замина со водство на Алкалоид од 10-19, а ништо не се промени ниту во вториот дел. Александар Стојков и Мартин Серафимов беа расположени за голови и тоа ѝ донесе на екипата нова убедалива победа во новата сезона.

Македонскиот репрезентативец беше творец на осум гола, додека Стојков беше најпрецизен со десет погодоци. Во редовите на поразениот тим најефикасни беа Петрески и Михајлов со по пет гола.