Десен бек од Хрватска ново засилување на Охрид

Искусниот 26-годишeн десен бек Луцијан Бура е најновото засилување на ГРК Охрид.  Хрватскиот интернационалец во Охрид доаѓа од унгарското првенство, каде настапуваше во екипата на Ѓер, а претходно ги бранеше боите на Добова, Умаг и Горица.

„Доаѓањето во Охрид за мене значи отворање нова страница во кариерата. Исклучително сум среќен што ќе имам можност да играм во македонската лига која, според мое мислење, има високо ниво на квалитет, со можност за настап во европските натпреварувања.

Верувам дека во ГРК Охрид ќе имам можност да ги развивам моите играчки способности, како и дека ќе постигнеме што подобри резултати како во домашното првенство,  така и во Европа", изјави новото засилување на Охрид, Луцијан Бура.

Охрид со засилено темпо работи на составување на играчкиот кадар на тимот за следната сезона. Претходно со „гладијаторите“ потпишаа Чаневски, Кукуловски, Пешиќ и Костов.