• Мартин Танасковски

Две средби го комплетираа плеј-оф колото во женската македонска Суперлига, а победи забележаа шампионот ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Куманово.
ЖРК Ѓорче Петров во дербито на колото славеше над ЖРК Металург со 28-21 (13-12). Гостинките од Автокоманда парираа едно полувреме, но потоа дојде до израз квалитетот на противникот. Ивана Дежиќ имаше свое шоу со 11 гола, пред Вранчиќ и Муратовиќ со по пет гола, додека кај Металург, Марија Јанкуловска погоди пет пати, а Борјана Коцева имаше четири гола.
ЖРК Куманово победи убедливо кај ЖРК Астибо во Штип (38-27). Шехтанска и Мемов имаа по осум гола кај победникот, а кај штипјанки, повратничката Марија Анчева погоди седум пати, исто колку што и Вучевска Елена.
Претходно, ЖРК Чаир беше подобар од ЖРК Вардар со 37-31. Стефанија Ѓорѓиевска беше најдобра со девет гола кај победникот, додека кај вардарки тоа беа Ивана Трифуноска, Леона Миленковска и Нина Милевска, трите имаа по шест реализации.