• Мартин Танасковски

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија прва задача во Лигата на шампионите за оваа календарска година.
Парот кој важи за еден од најдобрите во светот ќе ја дели правдата на дербито меѓу Магдебург и Алборг кое се игра во Германија. Делегат на мечот е Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
Во новото коло од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер игра дома против Динамо Букурешт од Романија, а судии се Шпанци. Во Битола ќе судат Андреу Марин и Игнасио Гарсија.
Мечевите во елитното друштво се играат следната седмица.