Дербито со хумана порака, Еурофарм Пелистер се грижи за ранливите категории

Најголемото дерби на македонскиот ракомет ќе има хумана мисија. 

Еурофарм Пелистер ги повика навивачите на полувремето од натпреварот на теренот да фрлаат плишани играчки кои ќе бидат наменети за деца од ранливи категории. 

„Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2024 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (сабота, 14 декември -18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“, стои во соопштението на шампионот на Македонија. 

Дуелот Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 ќе започне в сабота од 18:00 часот, а ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.