Како сензација одекна во Европа поразот на актуелниот романски шампион во женска конкуренција ЦСМ Букурешт на гостувањето кај Мунисипал Крајова, а во ист ден пораз претрпе и машкиот тим на ЦСМ.
За машкиот тим поразите не се ништо нова, цела сезона играат топло-ладно, а последниот загубен натпревар е на гости кај Потаиса Турда со 28-24, а истата разлика домашните ја имаа и на полувремето, 14-10.
Георгиевски постигна три гола од три обиди, а Негру беше најдобар со осум голови. Сепак и покрај овој пораз, настапот на ЦСМ Букурешт во плеј-оф е обезбеден, а од која позиција ќе стартува таму, ќе се знае по завршувањето на регуларниот дел во романскиот шампионат.