Ден откако стана европски првак заврши во притвор поради обид за силување

Францускиот ракометар Беноа Конку беше уапсен непосредно по финалето на Европското првенство, во кое тој освои злато со својата земја. 

Асот на Киелце во ноќта меѓу понеделник и вторник бил во француски ноќен клуб. Конку конзумирал премногу алкохол и во видно алкохолизирана состојба се соблекол, сакајќи да има односи со девојка. Поради тоа ракометарот бил приведен и завршил во притвор. 

Оваа постапка на Конку се карактеризира како обид за силување, поради што тој се најде во проблеми. Останува да се види каква ќе биде понатамошната постапка, меѓутоа се очекува Конкуд да мине без затворска казна.