Дејвис: Подобро започнавме од Вардар, тоа беше клучот за победата

Ако некој добро го познава Вардар, тогаш тоа е Давид Дејвис Камара, некогашниот член на „црвено-црните“, а сегашен предводник на Веспрем. Унгарскиот тим во финалето на СЕХА го совлада македонскиот првак

„Дојдовме подготвени и нашата цел беше да го завршиме овој турнир победнички. Вардар се обиде да не изненади и им честитам на тоа. Не бевме во можност во целост да се подготвиме за оваа средба, затоа и експериментиравме во одредени моменти во нападот и во одбраната. Разликата се случи во првото полувреме, кое го отворивме далеку подобро. Оваа титула е за навивачите, кои не можеа да бидат со нас тука. И покрај оваа победа, мора да останеме мирни затоа што допрва доаѓаат предизвици“, изјави Дејвис.

За Веспрем ова беше трета титула во историјата. Вардар за првпат не беше на тронот по три години. Покрај над Вардар, унгарскиот гигант на овој Ф4-турнир славеше и над Мешков Брест.