Дејвис: Купот е специфичен, славевме потешко од претходно

Шпанскиот стратег Давид Дејвис Камара може да биде задоволен од резултатот против Еурофарм Пелистер 2 на Ф4 во Купот на Македонија (24-28), но не и од играта на вардарци кои направија доста технички грешки.

По натпреварот, Дејвис истакна дека Купот е специфично натпреварување и дека пласманот во финале радува, а посакуван противник, нема.

„Игравме против истата екипа пред една недела, но Купот е специфично натпреварување. Беше потешко, но задоволен сум од моите ракометари. Пласманот во финалето е исполнување на нашата цел и не ми е многу важно против кој ќе играме в недела“, изјави Дејвис.

Вардар 1961 во финалето ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје кој во салата „Јасмин“ стартува од 20:00 часот.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија