Дејвис: Двомечот против Вардар е на половина пат, посакуваме исто издание како во Скопје

Веспрем се наоѓа пред нов пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Останува само да ја одбрани високата предноста која ја стекна на гостувањето во Скопје кај Вардар 1961.

Поранешниот член на стручниот штаб на вардарци, Давид Дејвис, го најави второто соочување со македонскиот гигант.

„Одигравме одличен натпревар претходната недела. Не мислам дека некој очекуваше да обезбедиме толку голема предност. Најголемиот пораз на Вардар беше со седум погодоци во групната фаза. Сите аспекти на нашата игра беа добри - напад, одбрана и контранапади.

Навистина сме среќни, но нема да се опуштиме. Овој двомеч трае 120 минути, а досега сме на половина пат. Треба да ја завршиме работата. Нема да го потцениме нашиот ривал, но одиме на овој натпревар со целосна самодоверба. Сакаме да се пласираме во четвртфиналето и да продолжиме со оваа форма. Очекуваме тежок дуел каков што беше оној во Скопје. Се надеваме дека ќе го одиграме истото и на натпреварот на домашен терен“ , вели шпанскиот тренер.

Второто соочување меѓу Веспрем и Вардар 1961 е закажано за денес во 18:45 часот.