Дејан Пецаковски се враќа во Металург, се обврза на едногодишен договор

Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски од денес е нов ракометар на Металург. 33-годишниот битолчанец се враќа во скопскиот клуб по три сезони минати во Еурофарм Работник.

Денес се очекува официјализација на неговиот трансфер со важност до крајот на сезоната 2019/20.

Пецаковски во нашата Суперлига го носеше дресот и на Вардар и на Макс Струмица, а кратко настапуваше во Тунис. Високиот бек е второ домашно засилување на новиот Металург на српскиот тренер Стојановиќ по голманот Даниел Ѓорѓоски. 

Клубот од Автокоманда овој преоден ред се засили и со Иракли Кбилашвили, Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ, Реваз Чантурија и Маријан Мариќ. Пецаковски се очекува да им се приклучи на новите соиграчи и да отпатува на турнирот во Чехово.