Дејан Пецаковски заминува во спортска пензија

Најискусниот ракометар на Пролет, Дејан Пецаковски реши дека е време да се повлече од активното играње ракомет. 

38-годишниот битолчанец кој од 2020 е член на Пролет заминува во спортска пензија. Клубот му се заблагодари на Пецаковски за неговиот придонес, а претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски му врачија благодарница на последниот тимски собир сезонава. 

Пецаковски зад себе има богата кариера. Бекот настапуваше за доста македонски клубови, беше дел во неколку наврати од Металург, а играше и за Пелистер, Вардар, Зомимак, Макс Струмица, Еурофарм Работиник и последно Пролет. 

Во своето портфолио Пецаковски има и краток престој во Клуб Африкан од Тунис, додека за репрезентацијата на Македонија има 26 настапи и 29 гола.