Дејан Милосављев од 2026 година ќе брани за полскиот гигант

Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев си заминува од редовите на Фуксе Берлин, иако беше еден од клучните играчи во историската сезона во која „лисиците“ стигнаа до првата титула во Бундеслигата.

И покрај неговиот огромен придонес под обрачите, управата на германскиот клуб не му понуди нов договор, а тоа го натера Милосављев ги разгледа опциите и успеа да договори трансфер. Како што пренесува „Handball-Planet“, 28-годишниот чувар на мрежата кариерата ќе ја продолжи во редовите на полскиот гигант Киелце.

Договорот е веќе постигнат, а Милосављев ќе му се приклучи на новиот клуб по завршувањето на актуелниот договор со Германците, кој трае до јуни 2026 година. Киелце планира сериозен ремонт на составот по заминувањето на браќата Душебаеви, и ангажманот на искусниот српски голман е дел од стратегијата за враќање во европскиот врв. Милосављев ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. Следната сезона ќе ја мине во Берлин, а потоа без обештетување ќе се пресели во Полска.

Србинот беше дел од златната генерација на Вардар која во 2019 година ја освои својата втора титула во Лигата на шампионите на Ф4 турнирот во Келн. Токму по тој успех го облече дресот на Фуксе Берлин.