ФОТО: Децата на легендата Хорват го облекоа дресот на Металург

Златко Хорват е најзвучното засилување во македонската ракометна Суперлига за новата сезона. Легендата на ППД Загреб за првпат во кариерата реши да ја напушти татковината и го одбра Металург.

Крилото е главен играч во екипата од Автокоманда, а со неговиот ангажман Кастратовиќ доби великан во екипата. Првата цел е обезбедена, тоа се групите во Европската лига на ЕХФ. Металург скокна две пречки до таа фаза, тоа беа хрватска Спачва и швајцарски Кринс.

Македонскиот тим за првпат имаше поддршка оваа сезона на мечот во Цирих против Кринс. Некогашниот првак доби навивачи и во трите деца на Златко Хорват, кои го облекоа дресот на Металург и ја задолжија легендарната „тринаесетка“.

Овој дрес долги години му припаѓаше на некогашниот репрезентативец Филип Миркуловски, инаку клупска икона на Металург, а истиот привремено беше повлечен во 2015 година, па заврши во рацете на Давид Шпилер.